Се делат последните европски билети за СП, осум селекции сонуваат за Мундијал!

Денеска се играат четирите финалиња од европските бараж дуелите за пласман на Светското првенство, во игра се осум селекции, а само четири од нив ќе одат на Мундијалот.

Големо внимание привлекува дуелот во Зеница каде Босна и Херцеговина ќе ја пречека Италија.

Италијанците ги пропуштија последните две Светски првенство токму поради елиминација во баражот, а минатиот пат ние бевме тие кои ги победивме.

Тие се израдуваа кога видоа дека БиХ ќе им биде противник, а не Велс, но Босанците имаат одлична репрезентација која вечерва ќе има своите шанси.

Интересно ќе биде и на Косово каде оваа селекција игра против Турција. Турците имаа супер генерација, но сигурно нема да им биде едноставно да дојдат до победата.

Од нашата бараж група е дуелот меѓу Чешка и Данска. Посакувавме ние да бидеме во оваа позиција, но не успеавме.

Борба за Светско првенство ќе водат и Шведска и Полска.

Сите натпревари почнуваат од 20:45 часот.

Бараж за СП:

БиХ - Италија
Косово - Турција
Чешка - Данска
Шведска - Полска