Се делат последните европски билети за СП, осум селекции сонуваат за Мундијал!
Големо внимание привлекува дуелот во Зеница каде Босна и Херцеговина ќе ја пречека Италија.
Италијанците ги пропуштија последните две Светски првенство токму поради елиминација во баражот, а минатиот пат ние бевме тие кои ги победивме.
Тие се израдуваа кога видоа дека БиХ ќе им биде противник, а не Велс, но Босанците имаат одлична репрезентација која вечерва ќе има своите шанси.
Интересно ќе биде и на Косово каде оваа селекција игра против Турција. Турците имаа супер генерација, но сигурно нема да им биде едноставно да дојдат до победата.
Од нашата бараж група е дуелот меѓу Чешка и Данска. Посакувавме ние да бидеме во оваа позиција, но не успеавме.
Борба за Светско првенство ќе водат и Шведска и Полска.
Сите натпревари почнуваат од 20:45 часот.
Бараж за СП:
БиХ - Италија
Косово - Турција
Чешка - Данска
Шведска - Полска