Дончиќ не играше, ама тука е Леброн со трипл дабл за победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Леброн Џејмс повторно стана највозрасниот играч во историјата на НБА што постигнал трипл-дабл, во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Вашингтон со 120-101.

Тимот од Калифорнија без проблеми го совлада противникот со најлош биланс во НБА и покрај тоа што во составот не беше Лука Дончиќ. Визардс го доживеаја 18. пораз во последните 19 натпревари, а неуништливиот Џејмс придонесе со 21 поен, 10 скока и 12 асистенции за 33 минути.

Тој беше најдобар стрелец воопшто на натпреварот, а Остин Ривс (девет асистенции) и Лук Кенард додадоа по 19 поени во новата победа на Лејкерс. Вил Рајли го предводеше Вашингтон со 20 поени.

Лејкерс се зацврстија на третата позиција на табелата во Западната конференција со една победа повеќе и натпревар помалку од четвртопласираниот Денвер Нагетс. Вашингтон одамна е отпишан од борбата за разигрувањето.

РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Филаделфија 119-109
Атланта – Бостон 112-102
Мемфис – Феникс 105-131
Сан Антонио – Чикаго 129-114
Далас – Минесота 94-124
Јута – Кливленд 113-122
Оклахома – Детроит 114-110
ЛА Лејкерс – Вашингтон 120-101