Уште една лудост од Африка: Гана го отпушти селекторот на 72 дена пред стартот на Мундијалот
Одлуката беше објавена доцна синоќа, неколку часа по поразот од Германија со 1-2 во Штутгарт и само неколку дена откако Гана загуби со 1-5 од Австрија.
„Фудбалската асоцијација на Гана го раскина договорот со главниот тренер на сениорската машка репрезентација, Ото Адо. Одлуката веднаш стапува на сила“, се вели во соопштението.
Поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Адо, кој беше назначен во март 2024 година, не успеа да ја однесе Гана на Африканскиот куп на нации во 2025 година и покрај тоа што во тимот има играчи од Премиер лигата како Антоан Семења и Мохамед Кудус. Минатиот месец слична судбина доживеа уште една африканска селекција – Мароко чија федерација одлучи дека сега е погоден момент да назначи нов селектор.
Одо оствари осум победи и девет порази во 22 натпревари како селектор. Гана, која се квалификуваше за Светското првенство по петти пат, е во групата Л заедно со Хрватска, Англија и Панама.