Охрид се засили со хрватски репрезентативен голман!
ГРК Охрид почна да го составува тимот за наредната сезона, а според првото засилување, амбициите стануваат уште повисоки.
Дино Славиќ потпиша двегодишен договор со Охрид, а во Македонија ќе пристигне по крајот на оваа сезона.
„Дино Славиќ е првото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!
Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот со бр.12 миниум 2 сезони.
Дино доаѓа од екипата на Лимуж по 3 сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон.
Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација“, стои во соопштението на Охрид.
Славиќ рече дека имал неколку понуди, но го одбрал Охрид поради амбицијата која ја покажува клубот.
„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“,изјави Дино Славиќ.