Крај на приказната: Една од ѕвездите на Сити по девет години го напушта „Итихад“

Англискиот гигант Манчестер сити следното лето ќе остане без еден од најдобрите фудбалери, а тоа е Бернардо Силва чиј договор завршува на крајот на јуни.

Силва не сака да ја продолжи соработката со „граѓаните“, но кажа дека ќе остане посветен до крајот во борбата за титулите со Манчестер сити.

Искусниот фудбалер по девет години го напушта „Итихад“, откако претходно го облече дресот на премиерлигашот во 2017 година.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, иако се споменуваат примамливи понуди од Блискиот Исток.

Фото: Facebook/Manchester City