Навивачите на Челси бесни на засилувањето од 120 милиони евра: Марш од нашиот клуб!
Аргентинскиот играч за врска, кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигна во 2023 година за 121 милион евра, во разговор на прашањето во кој друг град би сакал да живее кратко одговорил: „Мадрид... многу ми се допаѓа Мадрид, сличен е на Буенос Аирес.“
Оваа изјава веднаш предизвика бурни реакции кај фановите на Челси, особено зашто во последниот период сè почесто се шпекулира за негово можно заминување од Лондон. Дел од навивачите на социјалните мрежи отворено порачаа дека сакаат клубот да го продаде веќе во летниот преоден рок, а некои дури побараа и тренерот Лиам Росениор да го пресели на клупа до крајот на сезоната.
Дополнително масло на огнот ставија и неговите претходни коментари по елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите, кога призна дека не знае што ќе се случува со неговата иднина во летниот период. Во меѓувреме, медиумите го поврзуваат со можен трансфер во Реал Мадрид, ПСЖ, но и клубови од Саудиска Арабија. Иако шпекулациите се засилуваат, Фернандез има долг договор со Челси до 2032 година, што значи дека англискиот клуб ќе бара сериозна сума за евентуален трансфер. Токму високата цена и должината на договорот засега се најголема пречка за потенцијалните заинтересирани клубови.
ФОТО: EPA PHOTO