Зајков пред Ирска: Кога играме за Македонија сите мечеви се важни!

Дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Зајков вели дека ќе го дадат максимумот и против Ирска без разлика што мечот нема никакво значење.

Македонија го загуби дуелот од Данска, па сега ќе игра сосема беззначаен меч против Ирска, но Зајков вели дека без разлика на тоа, ќе одиме на победа.

„Данска е квалитетен ривал, во првиот дел се боревме добро и да затвориме, но во вториот дел падна концентрацијата по тој примен гол. По анализата и размислувањата, имаше неочекуван пад по првиот гол, треба да се фокусираме на тие моменти, да не паѓаме кога ќе примиме гол и тоа ќе го решаваме во иднината“, вели Ѓоко Зајков.

„Следен меч е Ирска, тоа е меч кој сакаме да го победиме. За нас нема пријателски мечеви и официјални, сите се важни. Најважно од аспект од тоа што претходниот меч го загубивме на таков начин, да дадеме се од себе за добар резултат за да се издигнеме нагоре за следните собири и квалификации и да бидеме подобри“.

Мечот против Ирска се игра на 31. март во Даблин од 20:45 часот.