Тиквеш и Работнички денеска играа во чест на Андреј Лазаров

Фудбалерите на Тиквеш и Работнички денеска го Кавадарци го одиграа натпреварот во чест на Андреј Лазаров.

Андреј Лазаров беше еден од загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред една година, а Работниички и Тиквеш се два клуба за кои тој настапуваше во Македонија.

Во моментот на трагедијата Лазаров беше член на Шкупи, а во кариерата која ја почне во младинските категории на Металург беше дел уште од хрватските Горица и Рудеш.