Бугарите мислат дека се потценети: Да беше Србин, Ливерпул ќе го бараше!
Офанзивецот неодамна направи трансфер од Левски во Ал Тавон за сума од еден милион евра, меѓутоа според Јорданов тој има квалитет да игра на највисоко ниво во Европа.
„Во моментов се прашувам што треба да се случи за еден фудбалер да биде забележан ако е стандарден во Левски? За Марин... не велам дека е слаб клуб, но замина во Саудиска Арабија. Да беше Србин, веднаш ќе го земеше Ливерпул. Зошто постои таква разлика, објаснете ми? Зборуваме за бугарски играчи во големите европски клубови“, изјави 27-годишниот Јорданов.
Во моментов, најпознат клуб во кој настапува бугарски фудбалер е Лидс Јунајтед, каде игра Илија Груев. Кирил Десподов го носи дресот на ПАОК, додека Мартин Георгиев е дел од АЕК. Дефанзивецот Росен Божинов настапува за Пиза, што го прави еден од ретките бугарски репрезентативци во посилните европски лиги.