Епска тепачка на меч во Црна Гора – двајца нокаутирани, еден потешко повреден (ВИДЕО)

Досега невидени сцени го одбележаа четвртфиналето од Купот на Црна Гора, откако ракометарот на Забјело, Мирко Дамјановиќ, брутално нападна неколку противнички играчи во финишот од мечот против Рудар Пљевља.

Инцидентот се случил во 58. минута, при водство на домашните од 27-24, кога Дамјановиќ дивјачки стартуваше врз Филип Газдиќ и го фрли на паркетот со огромна сила, при што постои сомнеж за потешка повреда. Ситуацијата дополнително ескалираше кога Драган Јелушиќ притрча да реагира, но беше удрен со тупаница, додека Дамјановиќ оттурна и официјално лице на клубот. Во целиот хаос, Перо Правиловиќ со колено го удри Јелушиќ во глава.

Судиите Милован Марковиќ и Немања Барац доделија повеќе сини картони – за Дамјановиќ, Јелушиќ, како и за Правиловиќ и Данило Марковиќ, па сега следуваат строги санкции. Според најавите, токму Дамјановиќ би можел да добие и најтешка казна, со што неговата кариера би била доведена во прашање. На теренот, Рудар Пљевља славеше со 28-24 и се пласираше на завршниот турнир, каде ќе играат и Будванска Ривијера и Ловќен.