Дешамп за новите правила на ФИФА: Тие три минути можат да го променат натпреварот
Имено, ФИФА неодамна потврди дека ваквата пракса ќе биде дел од Мундијалот и во двете полувремиња ќе биде воведена кратка пауза од по три минути.
Според Дешамп, тоа не е добро и може да го „убие“ ритамот на натпреварот.
„За телевизиите и рекламите сигурно е добро, но тие паузи можат да го променат натпреварот. Без разлика колку еден тим е силен, три минути се доволни да ви биде нарушен ритамот, ако веќе сте во налет“, смета Дешамп.
Од Светската фудбалска федерација претходно при објавувањето на правилата потенцираа дека се воведуваат со цел фудбалерите да можат да се освежат поради високите температури. Секако, тоа ќе биде прилика и за селекторите да поделат одредени совети.