Ѓоковиќ ги разочара фановите - откажа настап на турнир кој двапати го освојуваше!
Организаторите на првиот мастерс на земјена подлога и трет во сезоната потврдија дека српскиот тенисер донел одлука да не настапи.
Причината за отсуството на Ѓоковиќ од овој турнир не е наведена, а организаторите само му посакаа најубави желби и изразија недеж наскоро повторно да го видат на терените.
Последниот настап Ѓоковиќ го имаше на Индијан велс каде што беше елиминиран во осминафиналето од Џек Дерејпер, веднаш потоа соопшти дека ќе го пропушти Мајами каде што не настапи поради повреда на рамото.
Монте Карло е турнир кој Ѓоковиќ во кариерата го освои двапати во 2013 и 2015 година.
Фото: EPA