Звезда за спектакуларната кореографија против Лил заработи казна

Европската фудбалска федерација ја казни Црвена Звезда поради случувањата на реванш натпреварот од Лигата на Европа против Лил.

УЕФА ги казни „црвено-белите“ со вкупно 95.500 евра, од кои 40.000 евра се за „пренесување порака несоодветна за спортски настан“, како и за нанесување штета на угледот на фудбалот и самата организација.

За време на натпреварот, навивачите на Звезда развија кореографија со ликот на Свети Симеон, основач на српската држава од 12 век, проследена со пораката: „Нека нашата вера нè води до победа“.

Покрај тоа, клубот е казнет и со 17.000 евра поради палење факели, како и дополнителни 10.500 евра за фрлање предмети на теренот. На тоа се надоврзува и казна од 28.000 евра поради блокирање на скалите на трибините.

Исто така УЕФА го санкционираше и Лил со 89.000 евра, откако француските навивачи истакнаа трансапарент на кој Косово беше прикажано како дел од Србија.

Францускиот клуб дополнително е казнет со 40.000 евра поради палење факели и фрлање предмети, како и со 24.000 евра за блокирање на скалите.