Eден од најдобрите аргентински голгетери може да го пропушти Мундијалот!
Оваа повреда доаѓа на нешто повеќе нешто повеќе од два месеци до почетокот на Мундијалот, па поради тоа постои можност голгетерот да го пропушти Светското првенство на кое Аргентинците ќе ја баранат титулата.
„Хоакин Паничели се здоби со повреда на десното колено, а сериозноста ќе биде утврдена по дополнителни прегледи“, се вели во соопштението од Фудбалската федерација на Аргентина.
Според локалните медиуми, постои сомнеж дека станува збор за скинати вкрстени лигаменти.
Паничели дебитираше за аргентинската репрезентација во ноември минатата година, а веќе имаше една ваква повреда во 2023 година кога поради сличен проблем паузираше шест месеци.