ФФМ ѝ се поклони на Фалангата: Вашата поддршка ни е мотив да станеме подобри!

Челниците на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) преку својата официјална страница испратија порака на благодарност до сите навивачи кои допатуваа во Копенхаген и од трибините им дадоа поддршка на фудбалерите во синоќешниот дуел со Данска.

Од „Куќата на фудбалот“ не ја заборавија ниту целата македонска јавност, која изминативе денови дишеше во знакот на фудбалот, обединета околу надежта дека Македонија може да направи историски чекор и да се пласира на Светско првенство. Мундијалскиот сон, за жал, во полуфиналето од баражот, откако Данска на теренот ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 4-0.

„Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“, напишаа од ФФМ.

Фудбалерите и покрај поразот имаат уште еден натпревар пред себе и тоа најбесмислениот во историјата (прочитај ТУКА) во вторник против Република Ирска во Даблин, како своевиден меч за третото место кое не води апсолутно никаде.