Заврши мундијалскиот сон за Суринам и Нова Каледонија
Боливија со 2-1 ја победи селекцијата на Суринам која поведе со гол на Ван Гелдерен. Но, потоа фаворитот од јужнаамерика го сврте мечот со погодоци на Паниагуа и Мигелето.
Боливија на патот кон Светското првенство има уште една пречка, тоа е селекцијата на Ирак која имаше директен пласман во финалето од баражот.
Јамајка со 1-0 ја совлада Нова Каледонија. Единствениот гол беше постигнат во првото полувреме, а стрелец беше Кадамартери.
Селекцијата на Јамајка во финалето од баражот ќе игра против ДР Конго.