Сабаленка лесно ја среди Рибакина за пласман во финале!

Третиот меѓусебен меч на Сабаленка и Рибакина оваа година заврши со победа на белоруската тенисерка во два сета, таа ќе се бори за пехарот на турнирот во Мајами.

Рибакина ја победи Сабаленка на Австралија опен, а белоруската тенисерка возврати на Индијан Велс, ноќеска повторно двете имаа средба, овојпат во полуфиналето на турнирот во Мајами.

Овојпат не беше неизвесно, Сабаленка победи релативно лесно со 2-0 во сетови, беше 6-4 и 6-3.

Сабаленка во финалето ќе игра против Коко Гоф која со 2-0 беше подобра од Мучова.