Селекторот на БиХ плачеше како мало дете по драмата против Велс (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вчера избори пласман во финалето од баражот за Светското првенство, откако по подобро изведување пенали го совлада Велс на гостински терен.

Големата победа во Кардиф емотивно ја доживеа селекторот на „змејовите“, Сергеј Барбарез, кој триумфот го прослави во прегратка со своите синови, Филип и Серхио, а во тој момент не издржа и се расплака.

Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1-1, откако стрелци беа Даниел Џејмс за Велс и Един Џеко за Босна и Херцеговина. Во пенал-рулетот, Босанците беа посигурни и славеа со 4-2.

Прецизни од белата точка беа Табаковиќ, Башиќ, Хаџиахметовиќ и Алајбеговиќ, додека единствено промаши Демировиќ, но сепак и така БиХ обезбеди мундијалско финале.