Тежок пораз на македонските надежи на гостувањето во Италија
Италија по само три минути ја затресе мрежата на македонските надежи, откако Шер Ндур погоди за предност од 1-0, по што резултатот не се менуваше до полувреме.
Македонија целосно се распадна на почетокот на вториот дел, кога Италија преку Лука Липани и Џеф Екатор зголеми на 3-0, а победата ја запечати Сејду Фини од пенал во 86. минута од натпреварот.
Македонија по седум одиграни меча има само три освоени бодови и се наоѓа на претпоследното место во групата Е.