Грција и Шведска ѝ стојат на патот на Македонија кон ЕП 2028

Денеска во Лисабон се одржа ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2028 година, а македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците.

Македонските ракометари ќе се борат за место на европскиот шампионат во групата 8 против селекциите на Луксембург, Грција и Шведска.

ЕП 2028 ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија, додека пласман на турнирот ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.