Турција ја реши Романија и обезбеди финале во плејофот за СП (ВИДЕО)

Турската фудбалска репрезентација триумфира со 1-0 против Романија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство (СП).

Романија успешно ги одбиваше нападите на Турција во првото полувреме, а потоа на сцената стапи Арда Ѓулер кој со прекрасен потег го пронајде Ферди Кадиоглу, па тој потоа стрелаше за предност од 1-0.

Турција се соочи од притисок од гостите, кои се обидуваа да стигнат до израмнување, меѓутоа нападот не беше расположен за постигнување голови.

Фудбалерите на Турција во финалето од плејофот ќе се соочат против подобриот од мечот меѓу Словачка и Косово.

Фото: EPA