Реми на полувреме: Димитриевски нѐ одржува во живот во Копенхаген!

По 45 минути игра, Македоннија има активен резултат на гостувањето во Копенхаген, но ќе мора нешто да смени во играта за да стигне до потребната победа.

Резултатот на полувреме е 0-0, ама речиси постојано се игра на половината на македонската репрезентација и Данците апсолутно доминираат. Потврда за тоа е статистиката која вели дека домашната селекција упати дури 13 шута, а нашите ниеден и има шест корнери, Македонија два. Пет од 13. шута завршија во рамките на голот на македонската репрезентација, а Данска има и 71% посед на топка.

Среќа е тоа што на голот го имаме расположениот Столе Димитриевски кој во неколку наврати го спаси нашиот гол и не дозволи противникот да го отвори резултатот.