Барди ги врати фудбалерите од тунел за да ја поздрават Фалангата! (ВИДЕО)

Очигледно беше разочарувањето кај македонските репрезентативци по вечерашниот дебакл во Копенхаген, но Енис Барди на дело покажа зошто е капитен на овој тим.

Искусниот плејмејкер ги спречи своите соиграчи без поздрав да си заминат и да ги остават неколкуте стотици навивачи кои допатуваа во данската престолнина.

 

 

Иако играчите веќе заминаа кон соблекувалната, Барди буквално им нареди да се вратат и да ги поздрават оние кои вечерва им дадоа поддршка на Паркен стадионот.