Чурлинов: Една грешка во второто полувреме нè чинеше скапо против Данска
Чурлинов кажа дека одиграле добро прво полувреме, но потоа една грешка скапо ги чинела
„Првото полувреме го одработивме добро, додека во вториот дел направивме една грешка која скапо нè чинеше. Данска не направи ништо повеќе од нас во првиот дел. Нема на што да сум лут, дојдовме за да победиме, но загубивме и одиме понатаму. Разочаран сум што не поминавме понатаму“, кажа Чурлинов.
Македонскиот репрезентативец кажа дека сите правеле грешки на теренот, но треба да се соземат по поразот и да тргнат напред кон подобри резултати.
„Сметам дека треба секој да се погледне во огледало, да си ги согледа своите грешки. Сите имавме грешки на теренот, од прв до последен, но не сметам дека овој пораз треба да нè турне надолу. Ни дадоа три гола за 10 минути, тешко е да излезете од таква ситуација затоа што не знаете како да помогнете во моментот. Треба да се анализираме самите себе и да тргнеме понатаму по нови победи“, посочи репрезентативецот.
Фото: EPA/Georgi Licovski