„Сега главите се жешки, но дефинитивно ќе има новитети во тимот!“

Новиот предводник од клупата на Македонија, Гоце Седлоски, беше максимално разочаран по катастрофалниот пораз на гости кај Данска (0-4) со кој заврши сонот за евентуален пласман на СП 2026.

Тој на прес-конференцијата откри дека на полувремето кога беше нерешено побарал од играчите смиреност и концентрација, но сценариото се повторило. Во однос на составот, тој потенцира дека шанса добиле проверени фудбалери, но најави можни промени во периодот што следува.

„Играа стандардни фудбалери, но дефинитивно ќе има новитети. Сега главите се уште се жешки, ќе анализираме и ќе видиме што треба да се менува. За пет дена имаме нов натпревар, па потоа ќе носиме одлуки“, рече Седлоски.

Потоа, тој упати благодарност до навивачите и призна дека тимот не оставил добар впечаток.

„Сите сме тажни - и играчите и стручниот штаб. Благодарност до навивачите за поддршката. Не оставивме добар впечаток, но ќе продолжиме да работиме“, заклучи селекторот.

Седлоски посебно ја истакна потребата од подобра концентрација, нагласувајќи дека вакви падови не смеат да се повторуваат.

„Барав 90 минути фокус, но очигледно не успеавме. Не е нормално по еден примен гол да примиш уште три на таков начин. Тоа се грешки што не смеат да се случуваат на ова ниво“, подвлече тој.

Македонија во вторник ќе бесмислен меч за „третото место“ кое не води никаде против поразениот од пресметката помеѓу Чешка и Република Ирска на теренот на противникот.