„Данскиот динамит“ се активира - победникот решен по брза постапка (ВИДЕО)

Само една третина од второто полувреме беше потребна за Данска да ги реши сите дилеми околу победникот.

Откакао Дамсгард го отвори резултатот, во период од само десет минути домаќинот постигна уште два гола и има огромна предност во дуелот со Македонија. Два пати беше стрелец Исаксен кој прво ја искористи асистенцијата на Дамсгард, а потоа налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата.

Болно за македонската репрезентација е тоа што губи со 0-3, а најдобар играч и единствена светла точка во тимот е голманот Столе Димитриевски.