Неполни четири минути во второто полувреме и - Данска води! (ВИДЕО)

Ако во првите 45 минути Македонија успеа да го одбрани својот гол, по неполни четири во второто полувреме, мрежата на Столе Димитриевски се затресе.

Резултатот го отвори фудбалерот на Брентфорд, Микел Дамсгард кој најдобро се снајде во една мешаница во нашиот шеснаесетник.

Ерера прво добро интервенираше, но потоа топката се одби до Дамсгард кој буквално ја заби топката во мрежата.