Синер за 72 минути го реши Тиафо и обезбеди полуфинале во Мајами

Италијанскиот тенисер Јаник Синер триумфира со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2 против Францес Тиафо во четвртфиналето на турнирот во Мајами.

Синер направи брејк уште во првиот гем на противнички сервис, а потоа му го одзема сервисот и во петтиот гем на Тиафо за да слави со 6-2.

Тиафо играше лошо и во вториот сет, а Синер со брејкови во третиот и седмиот гем повторно стигна до 6-2.

Италијанецот во полуфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Франциско Серундоло и Александер Зверев.

Фото: EPA