Сабаленка и Рибакина закажаа нова битка, овојпат во Мајами!

Двете најдобри тенисерки во овој момент, Арина Сабаленка и Елена Рибакина за кратко време ќе имаат трета меѓусебна средба, за разлика од претходните две, оваа ќе биде во полуфинале.

Сабаленка и Рибакина играа во финалните натпревари на Австралија опен и во Индијан Велс. Првото го доби Рибакина, а потоа се реваншираше Сабаленка.

Двете тенисерки сега ќе имаат трет дуел оваа година, а тој е во полуфиналето на мастерсот во Мајами.

Сабаленка рутински со 2-0 ја совлада Баптис, беше 6-4 и 6-4.

Потешка задача имаше Рибакина која со пресврт со 2-1 славеше над Пегула.

Американката поведе со 1-0 добивајќи го сетот со 6-2, но следните два ѝ припаднаа на Рибакина со 6-3 и 6-4.