„Не треба да очекуваме дека мечот со Македонија ќе го решиме за 20 минути“
Ример смета дека Македонија не е лесен ривал, односно очекува дека борбата ќе се води до последниот судиски свиреж.
„Не треба да очекуваме дека мечот со Македонија ќе го решиме за 20 минути. Очекувам тежок натпревар и борба до последните минути на теренот“, кажа Ример.
Данска и Македонија ќе се соочат во Копенхаген утре од 20.45 часот.