Нејмар пропуштил дуел на Сантос поради турнир во покер!?

Бразилскиот фудбалер Нејмар наводно поминал цел ден во играње покер со високи влогови додека бил ослободен од обврските во Сантос поради „замор“.

Сантос објави дека 34-годишниот Бразилец не игра поради замор, но порталот „ЛеоДиас“ открива друга приказна за неговото отсуство.

Нејмар поминал речиси 24 часа во онлајн покер турнир, а Бразилецот наводно потрошил околу 20.000 долари за учество.

Бразилецот одамна е заљубен во покер, исто така е амбасадор на неколку онлајн платформи.