Перез активира „бомба“ - една од ѕвездите на Реал добива нов договор!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид наскоро ќе потпише нов договор со бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, откако двете страни веќе со месеци водат преговори.

Винисиус ќе добие договор до 2030 година, како и плата од дури 27 милиони евра, иако првично бараше три милиони евра повеќе.

Бразилецот стигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година од Фламенго, а во моментов е еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“.

Винисиус досега настапи на 365 натпревари за шпанскиот тим и притоа постигна 123 голови и 95 асистенции.