Валверде намерно го „искрши“ ривалот од Атлетико – му се одмазди по три години (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид синоќа, по голема борба, го совлада градскиот ривал Атлетико Мадрид (3-2), но најмногу внимание привлече директниот црвен картон што го доби Федерико Валверде во самиот финиш на натпреварот.

Ѕвездата на „кралевите“ беше исклучена по остар старт одзади врз Алекс Баена, откако судијата без двоумење го испрати Уругваецот во соблекувалната и покрај протестите од домашните, одлуката остана непроменета. Она што дополнително ја отвори темата е долгогодишната нетрпеливост меѓу двајцата фудбалери, која датира од 2023 година, кога Баена како играч на Виљареал наводно упатил навредливи зборови кон семејството на Валверде. По тој натпревар следуваше и физички инцидент во тунелот, кога уругвајскиот го удри шпанскиот играч.

Поради тоа, многумина сметаат дека стартот не бил случаен, туку реакција што носи и лична позадина. За среќа на домаќините, исклучувањето не ги чинеше бодови и резултатот остана непроменет до крајот. Барселона со 73 бода останува лидер на табелата во Ла Лига, Реал Мадрид има четири помалку, а Атлетико е четврти со 57 бодови.