Грузиски џин на српски јазик го пцуеше Дончиќ, ама суспензија доби - Словенецот (ВИДЕО)
Словенечкиот ас ќе го пропушти натпреварот против Детроит пистонс, во ситуација кога тимот од Лос Анџелес се наоѓа во одлична форма и бележи серија добри резултати, за што најдобро говори серијата од девет победи по ред. Дончиќ, по мечот откри што се случувало во ситуацијата што доведе до неговата техничка грешка и судирот со грузискиот џин, Гога Битадзе.
„На слободното фрлање ми рече дека ќе ми го е*е целото семејство. Во еден момент едноставно не можев да го игнорирам тоа. Морав да застанам зад себе“, изјави Дончиќ.
Од таборот на Лејкерс најавија дека ќе поднесат жалба со цел да се поништи техничката грешка, со надеж дека Дончиќ сепак ќе може да настапи на натпреварот со Детроит. Тренерот Џеј-Џеј Редик посочи дека недоразбирањето можеби се случило затоа што судиите не го разбирале јазикот на кој биле изречени навредите. Битадзе на почетокот од кариерата играше за АБА-лигашот Мега баскет, каде што дефинитивно ги научил најлошите зборови во српскиот јазик.