Синер рутински ја продолжи победничката серија

Откако минатата недела ја освои титулата на турнирот во Индијан Велс, вториот светски рекет Јаник Синер денеска ја продолжи победничката серија со триумфот во својот прв меч во Мајами.

Италијанскиот тенисер го победи Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови. Мечот траеше еден час и 12 минути, а Синер победи на рутински начин со 6-3, 6-3.

Во првиот сет, Италијанецот дојде до брејк во раната фаза (2-0) и го држеше водството до самиот крај на сетот. Џумхур имаше брејк-поен на 2-4, но не успеа да ја искористи и да се врати во првиот сет. Во вториот, Синер исто така лесно го проби сервисот на Џумхур, а на крајот заврши со брејк. Имаше три меч-поени на сервисот на Џумхур, а го искористи вториот.

Во третото коло, Синер ќе се сретне со францускиот тенисер Корентан Муте кој беше подобар од Махач со 2-1.