Евертон го посрамоти Челси! (ВИДЕО)

Евертон со убедливи 3-0 го победи Челси кој го забележа третиот пораз на последните четири натпревари од Премиер лигата.

Сините на Росениор играат во очајна форма и во домашното првенство и во Европа. Денеска дожвиеаа дебакл на Гудисон парк.

Бето во 33. минута донесе водство за Евертон од 1-0, а половина час подоцна истиот фудбалер пак погоди за предност и од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Ндиаје на 15 минути до крајот на мечот, а Бето овојпат ја имаше улогата на асистент.

Евертон сега има само два бода помалку од Челси.