Без изненадувања во ВМФЛ, сите фаворити славеа!
Најубедлива беше Шкендија Арачиново која на гости кај Слога Виница славеше со 5-0. Работната гостите ја завршија уште во првото полувреме по кое имаа водство од 3-0 и во вториот дел со уште два само го потврдија триумфот.
Еден гол помалку лидерот Охрид кој со 4-0 го совлада Вардар Неготино на свој терен. Скопје трите бода ги освои со тешка победа против Кожув од 1-0.
Брегалница беше сигурна кај Преспа со 3-0, оддека Беласица со 3-1 се радуваше над Тетекс.
На табелата сега ситуацијата остана непроменета: Охрид е лидер со 49, Шкендија Арачиново има 48, Скопје 47, Брегалница 46, Беласица 43...