Ливерпул ќе стравува, најдобриот стрелец во солзи го напушти натпреварот со Брајтон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул денеска беа поразени од Брајтон со 2-1 и така трет натпревар во низа останаа без три бода во Премиер лигата.

Но, не е само поразот причина за грижа кај тренерот Арне Слот. Имено, во почетните минути од натпреварот се повреди најдобриот напаѓач на гигантот од „Енфилд“, Уго Екитике.

Голгетерот кој сезонава постигна 11 голови во Премиер лигата, три во Лигата на шампиони еден во Суперкупот на Англија, Купот и Лига купот теренот го напушти во солзи што секако не е добра најава за тоа каква повреда станува збор. Покрај головите, Екитике има и уште шест асистенции.

Сега се чекаат деталните прегледи за да се види од каков карактер е неговата повреда и колку ќе паузира.