Велбек ја продолжи кризата на Ливерпул (ВИДЕО)
Избраниците на Арне Слот одиграа уште еден натпревар во кој не беа на потребното ниво и не ја оправдаа фаворитската улога. Натпреварот донесе шанси и на двете страни, а резултатот беше отворен по 14 минута кога погоди Велбек.
Ливерпул со голот на Керкез на истекот на половина час игра дојде до израмнување и тоа беше резултатот со кој се замина на паузата.
Велбек одново на сцена стапи десет минути по почетокот на второто полувреме кога и вторпат ја погоди мрежата.
За Ливерпул ова беше и трет натпревар во низа во кој не успеаа да слават во претходните два загубија од Вулвс и ремизираа со Тотнем.
Danny Welbeck with brace
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 21, 2026
🏴 Brighton 2-1 Liverpoolpic.twitter.com/XuqEDLtYTh