Вардар губи во Гостивар, Арсими по ВАР проверка поведе против лидерот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсими по првите 45 минути имаат изненадувачка предност против лидерот на табелата Вардар.

Во финишот од првиот дел домаќините успеаја да ја затресат мрежата на вардарци и од својот втор удар во рамките на голот да поведат. Ситуацијата се проверуваше и во ВАР собата дали топката го напуштила теренот, но на крајот голот беше потврден. Стрелец на погодокот беше Шпанецот, Маркел Гони.