Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец од мандатот на Сејдини!
На денешното Редовно генерално собрание, претседателот Масар Омерагиќ меѓудругото откри дека ФФМ во финишот од мандатот на Сејдини потрошиле огромна сума на пари.
„Во период од само еден месец, од ноември до декември 2024 година, еден месец пред да ја преземеме функцијата, потрошени се околу 5 милиони евра од средствата наменети за развој на фудбалот. Пет милиони евра. За еден месец. Ние затекнавме таква состојба и не побаравме алиби. Почнавме да воведуваме ред. Само трошоците за хотелски, чартер летови и авионски карти ги намаливме за повеќе од еден милион евра. Секој денар гледаме каде оди. Затоа што овие средства не се ничии приватни, тие се на фудбалот“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.