Работнички како на тренинг - им даде 107 поени на Ангели (ФОТО)
Екипата од Центар ја најави победата уште во првото полувреме, во кое доминираше и постигна дури 65 поени, додека Ангели успеа да запише „само“ 30 поени.
Центарци го диктираа темпото и во вториот дел, односно ја зголемуваа предноста како минуваа минутите, па така во последната четвртина влегоа со предност од 90-49. Во последните 10 минути без поголема драма, Работнички го одржа водството и славеше со 107-67.
Виктор Ефремовски беше најефикасен кај Работнички со 26 поени, четири скокови и четири асистенции, додека Роберт Рикиќ запиша 20 поени, 10 скокови и две асистенции. На спротивната страна, Денг Ренг постигна 16 поени.
Работнички со оваа победа скокна до шестата позиција во лигата, додека Ангели останаа на последното место.




