Емери продолжува во своето омилено натпреварување, продолженија во италијанската пресметка (ВИДЕО)

Екипата на Астон Вила, предводена од Унаи Емери обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата Европа каде шпанскиот стручњак има четири трофеи и е најуспешен во историјата на ова натпреварување.

Тимот од Бирмингем немаше проблеми против Лил и на домашен терен го совлада 2-0, што заедно со триумфот од 1-0 на гости го однесе меѓу осумте најдобри. Двата гола вечерва беа постигнати во второто полувреме, прво Мекгин, а потоа Бејли ја тресеа мрежата на францускиот претставник кој со ова го заврши својот настап во Европа.

Во четвртфиналето, Астон Вила ќе се сретне со подобриот од италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома каде се играат продолженија. Откако првиот меч заврши 1-1, вечерва на Олимпико по 90 минути игра беше 3-3, па мора да се играат дополнителни 30.

РЕЗУЛТАТИ
Астон Вила - Лил 2-0 (вкупно 3-0)
Бетис - Панатинаикос 4-0 (4-1)
Порто - Штутгарт 2-0 (4-1)
Рома - Болоња 3-3 (4-4, продолженија)