Фиорентина ја освои Полска и обезбеди четвртфинале во Конференциската лига (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина триумфира во реваншот против Раков со 2-1 во осминафиналето од Конференциската лига и се пласира во следната рунда.

По првото полувреме во кое немаше голови, Раков прв зададе удар и погоди во 46. минута за водство од 1-0 и надеж за место меѓу најдобрите осум екипи во натпреварувањето.

Сонот на домаќините траеше сè до 69. минута кога Ндур погоди за 1-1, а потоа во судиското надополнување Понграчиќ ги постави конечните 2-1.

На останатите натпревари Мајнц го елиминира Сигма Оломуц (2-0), додека АЕК го помине Целје со вкупни 4-2.