Нотингем Форест на пенали избегна бламажа - Митјиланд ги промаши сите удари од белата точка (ВИДЕО)
Првиот меч во Англија заврши со победа на гостите со 1-0, па на премиерлигашот денеска му беше потребна победа за да ги задржи шансите. По 52 минути игра Нотингем Форест водеше со 2-0 со головите на Домингез и Јејтс, но Ерлиќ се погрижи за намалување на предноста на англискиот тим и за израмнување на вкупниот резултат на 2-2.
Така завршија основните 90, но и дополнителните 30 минути по што се пристапи кон изведување пенали.
Таму, фудбалерите на Митјиланд тотално потфрлија и ги промашија сите три шута. Чо и Шимшир ја погодија десната статива, а Чилуфја се лизна и шутна далеку над голот, па со головите на Гибс Вајт, Сангаре и Вилијамс, Нотингем Форест отиде во четвртфиналето.