Рома на колена, Камбијаги во 111. минута го замолкна Олимпико (ВИДЕО)
Актуелниот освојувач на Купот на Италија можеше многу побрзо и полесно да дојде до победата бидејќи до 69. минута водеше со 3-1, но не го издржа притисокот и потклекна пред нападите на домашниот тим. Роу го отвори резултатот во 22. минута, Ндика израмни, но Бернардески од пенал се погрижи Болоња да замине со предност на голем одмор.
Се чинеше дека се е готово во 58. минута кога Кастро зголеми на 3-1, но драмата допрва почнуваше. Мален во 69. минута од белата точка намали на само еден гол негатива за Рома, а во 80. минута Пелегрини го израмни резултатот и го однесе натпреварот во продолженија.
Првото помина без многу возбудувања, но Камбијаги во 111. минута, по одличната акција на Далинга го најде патот до мрежата и ја продолжи бајката на Болоња. Нејзин противник во четвртфиналето ќе биде одличната Астон Вила, предводена од најтрофејниот тренер во Лигата Европа, Унаи Емери.