Рафиња избран за фудбалер на неделата во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона, Рафиња го доби признанието за најдобар фудбалер оваа недела во Лигата на шампиони (ЛШ), откако блесна против Њукасл во реваншот од осминафиналето.

Бразилецот постигна два гола и две асистенции за каталонскиот гигант, па поради тоа ја доби наградата на УЕФА.

Зад него завршија Винисиус Жуниор, Франциско Тринкао и Доминик Собослаи.