Рафиња (не)сериозно по 7-2: Не беше лесно да се победи тим како Њукасл!
И покрај крајниот епилог, тој по средбата откри дека не било лесно.
„Ова беше тежок натпревар против тим за кој знаевме дека ќе биде физички многу силен противник. Тие се навистина моќни и добро ги познавам уште од времето кога играв во Премиер лигата, особено на ‘Сент Џејмс Парк’. Затоа и мислев дека е добро што го играме реваншот на домашен терен“, изјави Рафинја.
Тој истакна дека Барселона одиграла значително подобро во второто полувреме.
„Знаевме дека второто полувреме беше многу подобро за нас“, додаде Бразилецот.
На прашањето зошто Ламин Јамал го изведе пеналот во финишот на првото полувреме, Рафиња објасни дека одлуката се темелела на самодовербата на младиот фудбалер.
„Денес голманите се многу добро подготвени и не е толку важно кој ќе шутира пенал. Но во текот на натпреварот чувствувате кој има самодоверба. Ламин ми кажа дека сака да шутира и кога ќе ја видите неговата сигурност, едноставно му верувате – и на крајот се покажа како добра одлука“, рече Рафинја.
Задоволството по пласманот во четвртфиналето го изрази и Роберт Левандовски, кој исто така постигна два гола.
„Многу сум среќен и горд, и на себе и на тимот. Направивме и некои грешки – во одбраната му дозволивме на Њукасл премногу лесно да постигне голови. Но кога ќе дадете седум погодоци, можете да бидете многу задоволни“, изјави Левандовски.
Барселона во четвртфиналето од ЛШ ќе ги одмери силите против Атлетико Мадрид.