Завршницата на Купот на Македонија ја сакаа сите, ама ќе се игра на – неутрален терен!
Тие решија трофејот да се додели на неутрален терен, откако желба за улогата домаќин имале сите четири учесници на овој собир – Вардар, Алкалоид, Охрид и Пелистер. Причина за ова е желбата сите да имаат рамноправни шанси, без предност на домашен терен за никого.
Во струмичката сала „Парк“ ќе се игра и завршната пресметка од Купот во женска конкуренција, каде што допрва ќе бидат одредени четирите тима кои ќе се борат за победничкиот трофеј. Исто така дополнително ќе се изврши ждрепка на полуфиналните двојки во двете конкуренции.